16.2 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Залудно го трошите чистењето на тоалетот ако ги направите овие две вообичаени грешки

НАЈЧИТАНО

Иако многумина ќе речат дека тоалетната шолја е највалкана, бројните истражувања покажаа дека често другите површини во домот се поголема закана за здравјето на луѓето затоа што им посветуваме помалку внимание и бактериите полесно се развиваат отколку на редовно исчистена чинија.

Тоа се, на пример, кујнски даски за сечење, кваки на вратите, кујнски сунѓери и слично, додека тоалетната школка многумина редовно ја чистат за да обезбедат високо ниво на хигиенски услови во тоалетот. Меѓутоа, и да ја чистите тоалетната шолја секој ден, џабе е ако исплакнете по нужда без да го спуштите капакот, што е голема грешка.

Имено, бројни истражувања покажале дека кога ќе се испушти вода од котелот поради силниот притисок, капките можат да „летаат“ до пет метри во воздухот или околината. Дефинитивно сакате да го избегнете ова ако не сакате да ширите бактерии.

Втората најчеста грешка е да не се остави четката за чистење на тоалетот да се исуши по употребата, туку да се врати влажна во садот. Така се создава совршена основа за бактериите да се размножуваат во голем број, а следниот пат кога ќе ја користите четката, ќе ги „намачкате“ од внатрешната страна на тоалетната школка. После тоа, ако ја вклучите водата и не го спуштите капакот, капките вода со бактерии повторно ќе летаат наоколу, пренесува Вечерњи лист.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО