16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари

НАЈЧИТАНО

Министерот за одбрана на Бугарија, Драгомир Заков на состанокот на собраниската комисија за одбрана соопшти дека понудата за вторите осум авиони Ф-16 Блок 70 е една милијарда и 320 милиони долари.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков пред неколку дена изјави дека пристигнала понудата од САД за вторите осум борбени авиони Ф-16. Сумата е приближно иста како онаа од првиот договор, која е една милијарда и 256 милиони долари, но пакетот за вооружување е многу поголем и имаме право на одложено плаќање, рече министерот Заков.

– Бројот на авиони е ист, но со таа разлика што за првите авиони има шест единечни, и два двоседи „Искри“, за вторите соодносот е четири спрема четири. Овој пат Бугарија ќе добие и поголемо придружно вооружување за новите американски воени авиони – категорично изјави Заков.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО