24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Заврши куќниот притвор за пејачот Ламбе Алабаковски, кој се сомничи за подметнување пожар во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола

НАЈЧИТАНО

Заврши куќниот притвор за пејачот Ламбе Алабаковски, кој се сомничи за подметнување пожар во Културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Тој од денеска е на слобода, но одземен му е пасошот како мерка на претпазливост, информираше неговиот адвокат Дарко Стефановски.

Настанот со палењето на влезната врата на културниот центар во Битола се случи на 4 јуни, во раните утрински часови.

Првично на Алабаковски му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна.

Пејачот сега се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО