2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

Заврши двочасовната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за енергетската криза

НАЈЧИТАНО

Во Владата заврши двочасовната средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на која се разговараше за енергетската криза и за начините како да се ублажат последиците од неа.

На средбата, присуствуваа и економски тимови на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ.

– Како што бев загрижен пред состанокот, истата грижа ја споделувам и сега. Во периодоѕ што следи е потребно силно да работиме да ги надмине сите проблеми што очиглено ќе ни се случуваат. Бидејќи дека она првичното сценарио, да ни бидат во функција сите капацитети, е тешко да се реализира. Од страна на Ковачевски лице за контакт беше назначен Крешник Бектеши. Веднаш после средбата ќе го контактираме и ќе му ги пренесеме нашите контакти – рече Мицкоски по средбата со премиерот.

Тој рече дека предложиле позиција што ќе обезбеди значителен поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино, со што ќе се произведе струја два пати поевтина од безранската. Идејата е, рече Мицкоски, таа струја да ја намениме за стопанството, за да спасиме работни места.

Како гасот ќе се донесе во Македонија, Мицкоски не одговори.

– Денеска работи само еден Блок во РЕК Битола. Во Неготино работи само една турбина, хидро-потенцијалот наместо на 80 е на 20%. Ова е загрижувачка состојба. Во Битола има за десетина пати помалку јаглен. Нејасно е дали имаме или не гас во моментов – додаде Мицкоски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО