16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Забрана за пушење на плажите во Барселона

НАЈЧИТАНО

Забраната за пушење на сите плажи во Барселона има за цел да има позитивно влијание врз заштитата на животната средина и да го обезбеди правото на граѓаните да уживаат во чист, незагаден простор, без чад од тутун и догорчиња од цигари.

Во моментов, градските власти бараат од посетителите на плажата да се воздржат од пушење цигари. Но, за само неколку месеци ќе бидат казнети за такво нешто. Предвидена е казна од 30 евра.

– Мислам дека е фер плажите да бидат чисти. Пред сѐ, поради околината, иако ќе биде тешко да се контролира секој посетител – изјави Антонела Белоти, италијански турист, која исто така предложи да има малку простор за пушачите, со адекватен распоред, во форма на пепелник.

Според надлежните, минатогодишниот пилот-проект значително го намалил бројот на пушачи на плажите и отпушоци во песокот. Се наведува дека околу пет милијарди отпушоци годишно остануваат зад пушачите на плажите ширум светот. Сите тие со текот на времето завршуваат во морето и потребни се децении за да се распаднат.

Барселона ќе стане првиот голем град во Шпанија што ќе го забрани пушењето на плажите. Досега во земјава има 115 плажи, од 3.514, на кои е забрането пушење. Но, сето тоа наскоро би можело да се промени, бидејќи во моментов низ земјата се расправа за закон, според кој сите шпански плажи би можеле да се претворат во зони за непушачи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО