10.3 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Жителите на Киев трето утро се будат со сирени

НАЈЧИТАНО

Жителите во украинскиот главен град Киев трето утро се будат од експлозии и сирени за напади, додека борби почнаа и во самиот град.

Експлозии во текот на ноќта/утрото: Експлозии се регистрирани денеска во главниот град Киев, по неколкудневни тешки борби на периферијата додека руските трупи напредуваа кон градот. Истрели има и во близина на центарот на градот.

Обраќање на Зеленски: Во националното обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Украинците ќе останат и ќе се борат за својата земја, и ја обвини Русија дека цели на цивилната инфраструктура.

Мировни преговори: Портпаролот на Зеленски рече дека претседателот го прифатил рускиот предлог за преговори и дека е подготвен да разговара за мир и прекин на огнот.

Состанок на Советот за безбедност на ОН: Синоќа Русија стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се осудува инвазијата на Украина. Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани од гласањето. По гласањето, 50 земји издадоа заедничка изјава во која се вели дека Русија ја злоупотребила својата моќ во блокирањето на резолуцијата.

Се натрупуваат санкциите: САД и Канада објавија санкции за рускиот претседател Владимир Путин и рускиот министер за надворешни работи Лавров, придружувајќи им се на Европската унија и Велика Британија во тите потези.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО