15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Жена свирепо го убила сопругот во Зрењанин

НАЈЧИТАНО

46-годишна жена од Зрењанин е осомничена дека синоќа, во семејниот дом, со моторна пила го убила сопругот додека спиел.

Осомничената Тереза Пејиќ прво почекала нејзиниот сопруг Срѓан да заспие, потоа го заклала со нож и на крајот го исекла со моторна пила по нозете. Сето тоа се случило додека нејзината ќерка била во куќата.

Припадници на МВР влегле во просториите на семејната куќа каде се случил масакрот, а на шпоретот пронашле тенџере во кое се вареле делови од телото на жртвата.

Осомничената е уапсена, а телото на убиениот е на обдукција.

Не се соопштуваат детаљи за мотивите за ова спирепо убиство. Српските медиуми пишуваат дека убиениот имал психички проблеми, а чести имало и расправии во куќата.

Миљаим Љутиќ (54), поранешен сопруг на Тереза, тврди дека таа злосторството го извршила пред очите на својата ќерка. Девојчето му се јавило на својот брат, синот на Љутиќ и му рекла: „Мама го закла Срѓан“. По разводот со Љутиќ, Тереза веднаш се омажила за Срѓан. За него Љутиќ тврди дека од мали нозе бил болен.

Тереза и Срѓан имале заеднички профил на Фејсбук, на кој често објавувале фотографии. Еве една од нив:

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО