18.1 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Жена почина во пожар во сопствената куќа

НАЈЧИТАНО

Почината жена вчера била пронајдена во опожарена куќа на улицата Солунска во Битола.

МВР соопшти дека вчера во 9.55 часот во СВР Битола било пријавено дека на улица Солунска во Битола настанал пожар во куќа сопственост на П.Н.(82), при што била опожарена една соба.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а во собата била пронајдена почината П.Н..

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено за погреб.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО