17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Ештон Качер ја откри борбата со тешката болест

НАЈЧИТАНО

Актерот Ештон Качер открил дека автоимуното нарушување го оставило без способност да гледа, слуша или оди.

„Пред две години имав чуден, супер редок облик на васкулитис кој ми го уништи видот, ми го уништи слухот, ми ја уништи рамнотежата“, изјавил 44-годишниот Качер.

Актерот додал дека му била потребна цела година за повторно да му се вратат сите сетила.

Васкулитис е многу ретко автоимуно нарушување кое може да предизвика воспаление на крвните садови, што резултира со ограничен проток на крвта, велат од клиниката Мајо.

Постојат многу видови васкулитис, но повеќето влијаат на најмалку еден орган.

„Не го цените тоа додека не исчезне“, вели Качер.

„Додека не кажете: ‘Не знам дали некогаш повторно ќе можам да гледам, не знам дали некогаш повторно ќе слушам, не знам дали некогаш повторно ќе можам да одам’. Имам среќа што сум жив“, додал актерот, пренесува „Пејџ сикс“.

Сега целосно закрепнат од ужасната здравствена состојба, Ештон вели дека не дозволува каков било предизвик да му застане на патот кон успехот.

– Оној момент кога ќе почнете да ги гледате своите препреки како работи кои се направени за вас, да ви го дадат она што ви треба, тогаш животот почнува да станува забавен, зарем не? – рекол Качер кој со сопругата Мила Кунис има две деца.

„Започнете да сурфате над своите проблеми наместо да живеете под нив“, заклучил Качер.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО