16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

ЕУ сака да го забрани увозот на руска нафта, Унгарија не

НАЈЧИТАНО

Унгарија продолжува да се спротивставува на идејата ЕУ да го забрани увозот на руски гас и нафта, изјави портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

„Позицијата на Унгарија за какво било ембарго за увоз на гас и нафта не е променета. Ние не ја поддржуваме таа идеја“, изјави Ковач за Ројтерс.

Европа треба да објави забрана за увоз на руска нафта како дел од новиот пакет санкции, за кој се разговара оваа недела.

Неколку дипломати рекоа дека забраната за увоз на нафта стана остварлива опција по пресвртот на Германија, која претходно изјави дека таквата мерка ќе и нанесе премногу штета на германската економија.

Сепак, одлуката за забрана за увоз на руска нафта на ниво на ЕУ не може да се донесе без согласност на сите земји-членки на ЕУ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО