16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

ЕУ би можела да им понуди на Унгарија и на Словачка изземање од ембаргото на руската нафта

НАЈЧИТАНО

Европската комисија би можела да ги поштеди Унгарија и Словачка од ембарго за увоз на руска нафта што е во подготовка, изјавија во понеделникот двајца европски претставници.

Комисијата во вторник треба да го финализира новиот, шести пакет санкции против Русија поради нападот врз Украина, кој ќе вклучува забрана за купување руска нафта бидејќи извозот на нафта е еден од главните извори на приходи на Русија.

Унгарија, која е силно зависна од руската нафта, постојано повторува дека нема да се согласи со санкции за енергетскиот сектор. Словачка е исто така една од земјите-членки на ЕУ најмногу зависни од руските фосилни горива.

Според тоа, комисијата би можела да им понуди на Словачка и Унгарија „исклучување или долг преоден период“, рече еден официјален претставник.

Нафтеното ембарго, сепак, веројатно ќе биде наметнато постепено и најверојатно нема целосно да стапи на сила до почетокот на следната година, изјавија официјални лица.

Пакетот ќе биде претставен пред амбасадорите на земјите членки на ЕУ во среда.

Дневните барања за испорака на руски гас преку Украина до Европа, преку словачката граница на локацијата Велке Капушани, се зголемија во понеделникот на највисоко ниво од крајот на ноември, покажаа податоците од словачкиот оператор TSO Eustream.

Тие номинации преку Велка Капушани беа околу 993.407 мегават часови (MWh) дневно во понеделникот, што е најмногу од 30 ноември, покажуваат податоците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО