4.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори, каде што потрошувачите ќе имаат можност сами да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување нови договори, каде што потрошувачите ќе имаат можност сами да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите. Во прилог на договорот треба да приложат на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, ЕСМ Снабдување ќе го достави по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот. Оваа новина ќе ќе биде достапна во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена, известува ЕСМ Снабдување.

Исто така, ЕСМ Снабдување во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, ЕСМ Снабдување ќе го испрати по пошта на адреса на потрошувачот наведена во Договорот.

Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна.

ЕСМ Снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом.

Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности.

Досега се потпишани 950 договори, а треба да бидат потпишани околу 60.000.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и...

Ѝ испратил лажна банкарска сметка за уплата

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.Т.С.(21) од Велика Британија, правно лице од Велика Британија и A.A.A.(44) од Велика Британија, поради постоење основи на...

Како популарниот Чет-бот би го решил спорот меѓу Македонија и Бугарија?

Македонци ѝ поставија прашање на интернет платформата Чет-ГПТ(Chat GPT), оперирана од најсофистигирана програма за вештачка интелигенција, како да се реши спорот меѓу Бугарија и Македонија. ChatGPT (Chat...
spot_img
spot_img
spot_img