23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Ескобар предупредува на сериозни последици за регионот

НАЈЧИТАНО

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, оствари средба со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој учествува на годинешното издание на Преспа форумот за дијалог во Охрид.

На средбата беше истакнато дека односите меѓу Македонија и САД бележат постојано унапредување што беше потврдено и со почетокот на процесот за Стратешки дијалог во Вашингтон на 2 јуни 2022 година.

Ескобар, ја нагласи неопходноста од итен почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ и ја потенцираше поддршката на САД за изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за билатералните прашања со Република Бугарија.
Секое натамошно одлагање на тој процес, нагласија двајцата соговорници, предизвикува сериозни регионални последици и ги поттикнува ризиците за зголемено влијание на трети страни.

Премиерот Ковачевски на средбата ги посочи придобивките од иницијативата „Отворен Балкан“, која, како што потенцираше заменик-помошникот на државниот секретар Ескобар, САД целосно ја поддржува и ја оценува како особено значајна за регионалниот развој и за забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.

Ковачевски и Ескобар разговараа и за актуелната состојба во светски рамки, кризата предизвикана од воената агресија на Русија врз Украина, која уште еднаш е оценета како неоправдана и со ништо неиспровоцирана и како исклучително сериозна за меѓународната безбедност и сигурност.

Премиерот Ковачевски во разговорот со Ескобар истакна дека Македонија продолжува да ги применува стратешките политички определби за поддршка на процесите за активно учество на Северна Македонија во операциите на НАТО, како и за забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО