Епидемија на грип и се заканува на Албанија

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела, овој број е зголемен за 2.000 заразени.

„Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат на лекар, туку се лекуваат дома со лекарства дадени на друг член од семејството или на своја рака“, јави Топ чанел.

Доколку официјалната бројка достигне 16 илјади заразени во текот на една седмица, земјата влегува во епидемија на грип, што најверојатно ќе биде следните денови.

„Во Албанија циркулираат два подтипа на вирусот А како што е Ah1, кој предизвика пандемија во 2009 година во земјата, подтипот Ah3 и вирусот на инфлуенца Б. Но, епидемиолошката состојба е уште потешка, бидејќи според лекарите, барем клинички, респираторниот вирус циркулира и кај малите деца што предизвикува отежнато дишење, а има и случаи на ковид“, јави телевизијата.

Се посочува дека годинава лекарите го ставиле акцентот на грипот, бидејќи „вирусите на грип се вратија поагресивно, затоа што беа отсутни за време на пандемијата на ковид-19 и имунитетот кај населението е значително опаднат”.

Што се однесува до состојбата со ковид-19, во последното деноноќие потврдени се 23 нови случаи од направени 585 тестови, починати нема, активни на болеста се 239, а болнички се третираат две лица.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Османи повикува да се вратиме на позитивниот дијалог

„Време е да ставиме црта на пинг-понг дискусијата со Бугарија“, одговори денеска Бујар Османи на новинарско прашање дали македонското МНР ќе испрати протестна нота...

Јован Тозиевски ,Градоначалник на Општина Ресен-Искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и...

Изразувам искрено жалење од мое лично име и од името на граѓаните на Општина Ресен за катастрофалниот земјотрес кој и се случи на нашата...

Северна Македонија испраќа итна помош во Турција по катастрофалниот земјотрес

Владата на Република Северна Македонија попладнево одржа вонредна седница, со цел обезбедување итна помош за Република Турција, по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата...

Moda

Екстравагантни изгледи на познатите од црвениот тепих на Греми наградите

Црвениот тепих на синоќешното 65. Греми награди секако не разочара. Најголемите музички имиња секогаш присуствуваат на најзвучната музичка вечер, а ни овогодинешната награда не...

Неочекуван тренд на хеланки оваа зима кои можете да ги носите во секое време и секаде

Да, хеланките со винил и кожен ефект се враќаат! На полето на хеланки, минатата година видовме (речиси) сè: особено хеланките со селотејп кај нозете повторно...

Тоа е најтренди боја на фармерки што ќе ја носиме во летото 2023 година

Сивите фармерки се дефинитивно крој во кој вреди да се инвестира ова лето. Широки сиви фармерки - тренд кој им ласка на сите типови на...
spot_img
spot_img
spot_img