16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Ендрју Вулфолк, саксофонист на „Earth, Wind & Fire“, почина на 71-годишна возраст

НАЈЧИТАНО

Ендрју Вулфолк, саксофонист на „Earth, Wind & Fire“, почина на 71-годишна возраст. Неговиот колега од бендот Филип Бејли ја објави веста оваа недела (25 април) на социјалните мрежи, велејќи дека Вулфолк починал по долго боледување.

„Го запознав во средно училиште и брзо станавме пријатели и другари од бендот. Неговото име беше Ендрју Пол Вулфолк. Го загубивме денеска, по повеќе од шест години боледување. Убави спомени. Голем талент. Забавен… Се гледаме од другата страна пријателе“, напиша Филип Бејли на Инстаграм.

Волфолк првпат им се придружи на „Earth, Wind & Fire“ во 1972 година и свиреше со нив до 1985 година. Подоцна повторно се приклучи на бендот во 1987 година и свиреше со нив до 1993 година.

Бејли, кој го познава Вулфолк од училиште, го замоли да свири со бендот откако Рони Лос си замина.

Ендрју остави голема трага во музиката, а учествуваше и во создавањето на хитовите на групата „Earth, Wind & Fire“ како „September“, „Shining Star“ и „Boogie Wonderland“.

 

 

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО