23.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Експертите за читање усни ги дешифрираа зборовите на Меган Маркл за време на церемонијата

НАЈЧИТАНО

Меган Маркл и принцот Хари беа практично незабележани гости на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.

Во катедралата Свети Павле, каде што се одржа церемонијата, тие седнаа во вториот ред, недалеку од остатокот од кралското семејство. Експерт за читање усни, сепак, откри што му рекла Меган на својот сопруг. Во еден момент таа се сврте кон него и го увери: Да, ќе биде добро.

Подготовките за средбата на принцот Хари со неговиот брат Вилијам траат веќе неколку месеци. Тие беа седнати така што беа разделени за да не се гледаат в лице. Принцот Вилијам седел со сопругата Кејт, татко му принцот Чарлс и Камила пред својот брат. Кралското семејство се погрижило и да нема фотографии кои би можеле да укажуваат на несогласувања меѓу браќата.

Извори блиски до парот велат дека Хари тешко го проголтал фактот што станал „второкласен“ член на кралското семејство, пренесуваат британските медиуми. Уште пред да завршат прославите за кралицата Елизабета Втора, Хари и Меган се вратија во Калифорнија. Така тие не биле ни на забавата која се одржала во палатата Бакгинхем и на која присуствувале 120.000 луѓе.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО