21.5 C
Ohrid
Saturday, August 20, 2022

Ед Ширан доби повеќе од милион евра отштета

НАЈЧИТАНО

Британскиот поп-музичар Ед Ширан доби повеќе од еден милион евра како отштета за правни трошоци по успешната правна борба против авторите кои го обвинија за плагијат.

31-годишниот музичар го доби случајот пред Високиот суд во Лондон на почетокот на април, по процесот што тој го нарече индикатор за лоши практики што ја поткопуваат музичката индустрија.

Судот одлучи дека Ширан не „намерно“ или „несвесно“ ја копирал мелодијата на песната „Oh Why“ на Сами Чокри и Рос О’Доногју од 2015 година во неговиот хит „Shape of You“, еден од најпродаваните во светот.

Во дополнителната пресуда, донесена во вторникот, судијата Ентони Закароли пресуди дека тужителите мора да платат судски трошоци од 916.000 фунти.

За време на судењето, Ед Ширан ги отфрли обвинувањата дека „позајмил“ мелодија од непознати композитори, а нивниот адвокат, иако ја признал „генијалноста“ на британскиот пејач, го нарекол „страчка“, мислејќи на птица која често се нарекува крадец.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО