17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Дедо Павле отиде на лекар со хеликоптер

НАЈЧИТАНО

Дедо Павле од Галичник денеска се хеликоптер е однесен на лекување во Скопје, откако поради снегот тој не можел да биде извлечен од селото на друг начин.

Во неможност медицински екипи да пристигнат во Галичник поради големи снежни наноси, извлекувањето е направено со имобилизација и повлекување од воздух. Дедо Павле, постојан жител на Галичник, безбедно пристигна во Скопје, згрижен е во болницата 8 Септември“, соопшти Месната заедница Галичник, која за оваа акција им се заблагодари на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на Министерство за внатрешни работи и на САЕ Тигар. Во акцијата беше вклучен хеликоптер на МВР и припадници на специјалните единици.

Месната заедница Галичник им укажува на сите надлежни институции дека отвoрањето зимски пат до Галичник, преку селото Јанче е неопходност.

„Силно апелираме до надлежните институции, во прв ред Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски оваа делница од само 5 километри да се отвори. Истовремено потсетуваме дека постојниот пат Маврово-Галичник е во категорија регионални патишта за кои е задолжително зимско одржување. Поради географската положба и ориентација, свесни сме дека одржувањето е невозможно во зимски услови. Меѓутоа, токму затоа е потребно да се овозможи алтернативен пристап од јужната страна, отворајќи пат од селото Јанче, делница од само 5 километри! Убедени сме дека тоа државата ќе ја чини помалку отколку вакви инцидентни и итни интервенции кои се тешки и ризични“, се наведува во соопштението од Месната заедница Галичник.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО