18.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Едноставен тест: Проверете дали пиете доволно вода

НАЈЧИТАНО

За време на екстремни горештини, пиењето доволно течности е важно за менталното и физичкото здравје.

Каран Рангарајан, хирург од Националната здравствена служба во Велика Британија, објави едноставен тест на кожата со кој може да се утврди дали нашето тело добива доволно течност. Станува збор за тест за штипкање на кожата над зглобот на прстот, пренесува Живим.хр.

„Ова е познато како тест за штипкање на кожата. Колку сте похидрирани, толку вашата кожа ќе биде поеластична и ќе се опорави веднаш по штипкањето. Ако сте дехидрирани, кожата ја губи својата еластичност и потребно е извесно време да се врати во нормала“, објасни хирургот.

Тестот често се користи во здравствените установи за брзо да се процени дали на пациентот му требаат повеќе течности, особено кога нема доволно време да се проценат лабораториските тестови или други показатели, според експертот за исхрана и здравје Саманти Касети.

Тестот за штипкање на кожата е прилично безбеден и не штети, но бидејќи не е најточниот метод, резултатите треба да се земат со зрно сол и да се користат со други показатели за дехидрација.

Еластичноста на кожата се намалува кај постарите луѓе, без оглед на нивото на хидратација. На кожата на постара личност може да и требаат околу 20 секунди за да се опорави, дури и ако не е дехидрирана. Исто така, кај пациенти со низок волумен на крв, тестот за штипкање на кожата исто така може да има намалена точност.

Еден од клучните показатели за дехидрација е бојата на урината, која треба да биде светло жолта. Темната урина е знак дека треба да пиете повеќе вода. Други показатели се чувството на жед, сува кожа или сува уста, недостаток на пот или помалку мокрење од вообичаено.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО