4.9 C
Ohrid
Wednesday, February 1, 2023

Еден припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет доцна синоќа

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Еден припадник на затворската полиција од КПУ Идризово е ранет доцна синоќа откако нивното возило било пресретнато и нападнато при транспорт на затвореник назад кон затворот од медицинска установа каде му била укажана лекарска помош.

Според првичните неофицијални информации, возилото на затворската полиција се движело кон затворот Идризово, кога засега непознати лица со друго возило им го пресекле патот, удриле во возилото во кое бил затвореникот и отвориле оган кон припадниците на затворската полиција.

При инцидентот ранет е еден припадник на затворската полиција. Насилниците успеале да го одземат затвореникот, кој според неофицијалните информации е осуден за убиство. Не е јасно дали напаѓачите сакале да го ослободат или да го киднапираат затвореникот, заради одмазда.

Се очекува во текот на денот да бидат објавени официјални информации за настанот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Испораката на Украина со ракети со долг дострел нема да ги промени воените цели на Русија

Дури и ако земјите и дадоа на Украина ракети со долг дострел, тоа нема да ги промени воените цели на Русија, изјави портпаролот на...

Што сакаш да кажеш, не можеш да стоиш на една нога 10 секунди?

Бразилските научници сугерираат дека овој едноставен тест за рамнотежа од 10 секунди треба да стане дел од рутинскиот здравствен преглед за постарите возрасни лица. Според...

Папата на миса во Конго: Положете го оружјето, прегрнете ја милоста

Папата ја започна проповедта изразувајќи ја својата радост што конечно може да дојде во таа земја и да биде меѓу народот на Конго, објави...
spot_img
spot_img
spot_img