2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Еден од најзначајните современи светски поети Ханс Магнус Енцесбергер почина во четвртокот на 93 години во Минхен

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Еден од најзначајните современи светски поети Ханс Магнус Енцесбергер почина во четвртокот на 93 години во Минхен. Тој беше лауреат на Струшките вечери на поезијата во 1980, кога му припадна Златниот венец.

Енценсбергер беше писател, поет, преведувач и уредник, а пишувал и под псевдонимот Андреас Талмаер. Неговото творештво е преведено на повеќе од 40 јазици.

По докторирањето на Сорбона во Париз, еден период живеел на Куба во времето на Фидел Кастро. Меѓу 1965 и 1975 го уредувал списанието „Распоред“, а од 1985 бил уредник на престижната едиција книги „Другата библиотека“, која се издава во Франкфурт и досега опфати повеќе од 250 наслови. Пишувал и за театар, филм, радио и опера, а автор е и на неколку романи и книги за деца.

Меѓу наградите што ги добил се издвојуваат „Хајнрих Бел“ во 1993, „Ерих Марија Ремарк“ во 1998, „Хајнрих Хајне“ во 2002, наградата на Принцот од Астурија за комуникации и хуманост во 2006 и „Грифин“ за животно дело.

Еве што за Енцесбергер и неговиот престој во Струга пишува македонскиот поет и писател Ристо Лазаров во своето дело ,,Врежанки”, објавено од издавачката куќа Везилка во 2011 година.

Славниот германски поет, со стократно потврдена лева ориентација Ханс Мaгнус Енцесбергер, двапати учествуваше на Струшките вечери на поезијата. Струга тогаш навистина беше светска поетска престолнина.

Првиот пат, кон средината на седумдесетите, Енцесбергер престојуваше во Струга речиси анонимно. Друштво му правеа неколку пријатели од тогаш помладата генерација југословенски поети. Зборно место им беше ,,Деспина” или ,,Летница”, една од гостилниците на ,,торбешите” како што во катадневниот говор ги нарекуваа поетите. Беше и си замина големиот европски поет и интелектуалец од врвен маштаб – речиси незабележително. Некако и очекувано ако се има предвид фактот дека во тоа време Управата на Струшките вечери на поезијата речиси целото внимание го фокусираше на добитникот на Златниот венец на СВП. Не дека другите учесници, особено оние од странство, беа игнорирани, ама сепак вемнценосецот беше во преден план.

Втор пат Енцесбергер дојде во Струга како добитник на Златниот венец и тоа веќе беше друга песна: протоколи, приеми, ручеци, вечери и уште други нешта кон кои самиот Енцесбергер немаше благонаклонет однос. Тој си ги паметеше пријателите и гостилниците од пред пет-шест години и повеќе претпочиташе тавче гравче кај ,,торбешите” отколку пастрмка на една од терасите на прекрасниот хотел ,,Бисер”. Со сета почит и благодарност кон домаќините, кои несебично се трудеа да му угодат.

Се случуваше, во тие неколку струшки денови Енцесбергер да им исчезне од видното поле на организаторите, да го снема и потем да изникне од некаде каде што не го садиш. Една вечер, на пример, требаше да настапи на ,,Ноќта без интерпункција” во еден од баровите на хотелот ,,Дрим”. Како што се случува на поетските собири ширум светот, тој се беше заседнал со своето друштво и остана во гостилницата (пак кај ,,торбешите”) неколку часа по фајронтот, за што надлежните служби во градот имаа целосно разбирање во деновите на поетските светковини.

Стана веќе три часот наутро кога Енцесбергер со старата тајфа се појави на влезот во просторијата во која се одржувапе ,,Ноќта без интерпункција”. Уште невлезен, ја запеа ,,Аванти пополо” што предизвика општо изненадување , не од изборот на песната ами од фактот што Енцесбергер пропеа. Ср разбира дека имаше и такви кои се радуваа на изборот на песната, а и зошто да не. Изет Сарајлиќ, којзнае од каде секавично пронајде гитара и веднаш се придружи – и вокално и инструментално. И други си ги поведоа своите песни. Се пееше тоа утро во Струга до изгрејсонце. Со искрена верба во поговорката дека којшто пее зло не мисли“ – пишува Лазаров.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....

Ѓоковиќ призна: Користи ново контроверзно правило за да победи во финалето

Откако минатата година беше дури и депортиран, Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија и го освои својот 10-ти Австралија опен, со што се израмни...

Нови мерки: Како Netflix ќе ги спречи корисниците да ја споделат својата лозинка?

Првичните извештаи и испитувања во други земји сугерираат дека напорите за одвраќање на споделувањето лозинка ќе бидат релативно благи во почетната фаза, потпирајќи се...
spot_img
spot_img
spot_img