25.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Еден збор е доволен, а тоа е оставка, им пишува Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи на Фејсбук на Димитар Ковачевски и Бујар Османи

НАЈЧИТАНО

Еден збор е доволен, а тоа е оставка, им пишува Антонио Милошоски, поранешниот министер за надворешни работи на Фејсбук на Димитар Ковачевски и Бујар Османи. Според Милошоски тие и двајцата учествувале во обликувањето на документот за францускиот предлог, а тоа го криеле до јавноста.

„Премиерот Ковачевски и министерот Османи се двајцата актери на кои им се случи најголемиот дипломатски дебакл, после оној со Лисабонската декларација. Македонија доби непринципиелен и понижувачки предлог за преговарачка рамка, преполн со наметнати билатерални прашања и со поглед во минатото. Факт е дека во обликувањето на овој документ активно учествувале и Ковачевски и Османи, иако тоа го криеа од јавноста. Затоа нема потреба ниту од два збора, ниту има потреба од правдање со загради. Еден збор е доволен. Оставка“, пишува Милошоски.

Статусот на Милошоски доаѓа како реакција на постот на Османи, кој утрово напиша дека предлогот е одбиен и дека Бугарија не покажала разбирање за македонските барања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО