8.9 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Египетските власти затворија дел од брегот на Црвеното Море, по напад на ајкула во кој загина Австријка која пливала во близина на Хургада

НАЈЧИТАНО

Египетските власти затворија дел од брегот на Црвеното Море, по напад на ајкула во кој загина Австријка која пливала во близина на Хургада.

Шеесет и осумгодишна жена која ги загуби ногата и раката во напад на ајкула почина набргу откако беше пренесена во приватна болница во Хургада, изјави неименуван египетски здравствен претставник. Тој рече дека таа едвај била жива кога пристигнала и дека лекарите не можеле да ја реанимираат.

Според внатрешните документи од канцеларијата на гувернерот на провинцијата Црвеното Море, кои ги видела АП, властите ќе го затворат брегот на три дена и ќе ги забранат сите поморски активности, вклучително и нуркање, сурфање на ветер и китинг, како и приближувањето на рибарските чамци.

На видеото кое е објавено на интернет се гледа напад на ајкула релативно блиску до брегот. Може да се види и како водата околу нападнатата жена поцрвенува од крв, додека луѓето на блиското пристаниште фрлаат спасувачка опрема кон неа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО