16.9 C
Ohrid
Thursday, September 29, 2022

Европска комисија: Подгответе се за нов бран на коронавирус во есен и зима

НАЈЧИТАНО

Комесарката на Европската комисија за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес ги повика 27-те земји-членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на инфекции со коронавирус во есен и зима.

„Со оглед на можното влошување на епидемиолошката состојба, од клучно значење е да се задржи будноста“, рече Стела Киријакидес.

Таа додаде дека летните месеци мора да се искористат за преземање на неопходните активности во јавното здравство за следната фаза на пандемијата во есен и зима.

Луѓето во Европа уживаат да летаат без ограничувањата што беа во сила во последните две години, но напорите за ограничување на пандемијата мора да продолжат, рече таа.

Стела Киријакидес повика на зголемени напори во примената на првите дози и бустер вакцини, потоа подготовка на идната кампања за вакцинација против варијантите на омикрон, како и следење и тестирање во текот на целата година.

Здравствените власти треба да имаат сè подготвено за безбедно враќање на работа и на училиште по летниот распуст, рече таа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО