16.1 C
Ohrid
Saturday, August 13, 2022

Европската централна банка за првпат по 11 години ги зголеми каматните стапки, откако истото го сторија американската и другите големи централни банки

НАЈЧИТАНО

Европската централна банка (ЕЦБ) денеска за првпат по 11 години ги зголеми каматните стапки, откако истото го сторија американската и другите големи централни банки.

Потегот на ЕЦБ отвара нови прашања за тоа дали поскапувањето на кредитите што ќе следува од зголемувањето на каматните стапки, ќе ги турне големите економии во рецесија.

Се очекува зголемувањето на каматните стапки за 0,5 отсто да биде проследено со ново зголемување во септември, можеби за дополнителни 0,5 процентни поени.

Банката наведе дека зголемувањето на кампатната стапка повеќе од очекуваното е последица на „ажурираната проценка на инфлаторните ризици“.

Покачувањето на каматната стапка доаѓа во услови на висока и постојана инфлација во еврозоната и севкупно влошена економска ситуација, последица на војната во Украина од аспект на зависноста на стопанствата на државите од еврозоната од рускиот гас и нафта.

Сѐ погласни се прогнозите дека стопанството во еврозоната ќе влезе во рецесија, додека сѐповисоките сметки за електричната енергија, горивата и гасот им создават потешкотии на компаниите и ја намалуваат куповната моќ на граѓаните.

Загриженоста заради рецесијата веќе придонесе за пад на вредноста на еврото на 20-годишен минимум во однос на доларот, што влијае за покачување на и онака високите цени на енергенсите, со што дополнително се отежнува борбата на ЕЦБ против инфлацијата.

Зголемувањето на каматните стапки се смета за вообичаен лек против висока инфлација, која минатиот месец во еврозоната изнесуваше 8,6 отсто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО