5.2 C
Ohrid
Wednesday, November 30, 2022

Европската комисија со писмо од Крус бара објаснување за протечените документи

НАЈЧИТАНО

Европската комисија испрати писмо до својата поранешна потпретседателка Нели Крус (Холандија) во кое бара објаснување во врска со напис од меѓународна новинарска истрага што доведува до сомневања за лобирање за светската такси-компанија „Убер“. Во скандалот е вмешан и францускиот претседател Емануел Макрон кој својата позицијата на министер ја искористил да лобира за такси-компанијата Убер, а тоа довело до протести на таксистите во Париз.

– Ги видовме објавените текстови, правиме анализи. Не избрзуваме со заклучоци – рече портпаролот на Европската комисија.

Од Европската комисија велат дека поранешните еврокомесари имаат обврски и некои случаи може да бидат упатени до Судот на правдата на ЕУ во случај на сомневање за прекршување.

„Досиејата Убер“ се истрага за внатрешни документи на Убер добиени од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари. „Монд“ доаѓа до заклучок дека францускиот претседател Емануел Макрон бил вклучен во својство на министер за економија во времето на настаните, во корист на американската компанија. Гардијан ја забележува интервенцијата на Круз во корист на активностите на компанијата во ЕУ и нејзиното последователно официјално пристапување во компанијата  по повлекувањето од ЕК.

Британски Гардијан сподели со медиумски партнери во 29 земји податоци од 124.000 записи, е-пошта, текстуални пораки, од 2013 до 2017 година, кои откриваат разговори и состаноци меѓу директорите на Убер и јавни функционери додека такси компанијата се обидувала да ги прошири операциите во 40-на држави.

Илјадници датотеки открија како Убер им се додворувал на моќните политичари и колку се потребни за да се избегне правдата. Најпознатото име кое се споменува е актуелниот француски претседател Емануел Макрон.

Крус беше еврокомесарka за дигитална агенда од 2004 до 2014 година. Европските истражители претходно открија дека Крус ги прекршила правилата на ЕУ со тоа што „пропуштила“ да изјави кога ја презела функцијата комесар дека истовремено работела и како директор на офшор-компанија „Минт холдингс“, што е неспоиво со позицијата на ЕУ.

Убер издвојувале 88 милиони евра годишно за лобирање, а во обидите да ги поразат традиционалните такси компании ја искористиле помошта на истакнати и моќни политичари. Во август 2014 година, амбициозниот поранешен банкар Емануел Макрон беше назначен за министер за економија, јави Би-Би-Си и додава дека актуелниот француски претседател го гледал Убер како извор на економски раст, а му биле потребни нови работни места.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО