8.9 C
Ohrid
Wednesday, October 5, 2022

Европратениците од Групата на зелените велат дека потребно е вклучување на граѓаните

НАЈЧИТАНО

Групата на Зелените, европратеници од Брисел поддржуваат да се одржи референдум во Македонија, но истовремено сметат дека резултатите од референдумот ќе мора да се почитуваат. Вака смета пратеникот Рајнхард Бутикофер, пишува Алсат.

– Вклучувањето на граѓаните во еден демократски процес никогаш не треба да биде одбиен од еден демократ. Но, оние кои го употребуваат демократскиот процес за да се скријат зад граѓаните и да ги мамат граѓаните, треба да бидат критикувани. Ако некој каже да се случи референдум, а потоа не му се допаѓаат резултатите и вели дека нема да ја почитува одлуката, таа личност не е кредибилна – изјави Бутикофер.

Според Зелените евроинтегративниот процес на земјава бил „загаден“ од билатерални прашања и ветија дека ќе сторат сè за преговорите за членство да се одвиваат врз основа на резултати и постигнати реформи. Брисел се надева дека ветото нема пак да биде злупотребено во преговорите кои треба да ги отвори Македонија.

– Се надевам дека ќе успееме во тоа да извршиме притисок на Комисијата и земјите-членки за да се осигуриме дека ќе нема повеќе блокади во иднина кои се однесуваат на нерелевантни прашања – рече европратеникот Тинеке Стрик.

Европратениците немаат впечаток дека во моментов постои мнозинство за уставни измени, иако, како што велат, на дел од средбите кои денеска ги имаа со македонските колеги, им било кажано дека постои голема веројатност да се стигне до бројката од 80 пратеници. Дотогаш, како што додаваат, земјава треба да се посвети на реформите особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО