17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Европратеникот Ковачев го коментира францускиот предлог

НАЈЧИТАНО

Трагично и опасно е однесувањето на бугарскиот премиер Кирил Петков кон прашањето со Македонија, смета  европратеникот Андреј Ковачев. Според Ковачев, предлогот е основа за надградба, но не е прифатлив во сегашната форма. Тој коментира и дека „ништо не е договорено во врска со македонскиот јазик“. Тој вели дека премиерот се обврзал, но дека „оваа заложба е против Бугарија!“

„Трагично и опасно е однесувањето на Кирил Петков! Сакам да им се заблагодарам на професионалците од Министерството за надворешни работи и на сите оние кои разбираат колку е важно да не се направи грешка повторно!“, пишува Ковачев во колумна за БГНЕС.

„Во точката 5 се споменува Протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој никој не го видел, а точката 35, „Акциониот план“, кој ПКМ исто така не го претстави. Протоколот е апсолутно нејасен со каква правна сила е тој? Единствено што знаеме е дека на страна 12, точка 5, од нацрт-рамката за преговори во СКОБИ се однесува на Протокол со нејасна содржина и нејасен правен статус“, додава тој.

Ковачев ја коментира и шпекулацијата дека бугарското вето кон Македонија е дело на руски агенти од КБГ. Според него, многу е битно обвинителството во Бугарија да интервернира во врска со наводната афера.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО