26.9 C
Ohrid
Tuesday, July 5, 2022

Европа ќе го изземе патријархот Кирил од санкциите

НАЈЧИТАНО

На инсистирање на Унгарија, поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил, е отстранет од списокот на последниот пакет санкции на ЕУ кон Москва, изјавија за Асошиејтед прес дипломати од ЕУ. Прашањето за Кирил беше отворено во месец мај, но тогаш јавно не се гласаше за предлогот, иако Унгарија се противеше. Според аналитичарите, Орбан добил јасна порака од Москва да лобира за патријархот.

Шестиот пакет санкции на ЕУ вклучува, меѓу другото, ембарго на најголемиот дел од увозот на руска нафта во ЕУ до крајот на годината. Се смета дека ембаргото ќе функционира бидејќи Русија прави три пати повеќе пари од извозот на нафта, отколку од гасот.

Унгарија заедно со Чешка и Словачка се противеа на ембаргото и по месец дена преговори конечно ЕУ прифати тие да бидат исклучени од мерките.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО