9.1 C
Ohrid
Friday, December 9, 2022

Европарламентот ја изгласа својата резолуција

НАЈЧИТАНО

Европскиот парламент во Стразбур усвои резолуција според која пристапните преговори со Србија треба да напредуваат само доколку Белград ги поддржи санкциите против Русија и постигне значителен напредок во реформите. Исто така, европратениците поддржаа на ист начин да се условуваат и средствата на ЕУ за Србија, јавува Н1.

 Како што е објавено на веб-страницата на Европскиот парламент, ниту една алтернатива не треба да го замени проширувањето, а треба да се реформира и процесот на одлучување во пристапниот процес и новите членови да се прифатат со квалификувано мнозинство наместо со едногласност. Се додава и дека пристапните преговори со земјите кандидати треба да завршат до 2030 година.

Европскиот дописник на Н1 оценил дека ова е необврзувачка резолуција, но дека е силна политичка порака во која насока размислува ЕУ. Резолуцијата ја поддржаа 502 пратеници, 75 беа против, а 61 воздржан.

Авторот на резолуцијата, пратеникот Тонино Пицула, изјавил дека Европскиот парламент отсекогаш бил најважниот поддржувач на проширувањето.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО