24.7 C
Ohrid
Wednesday, May 25, 2022

Еве колку бара Македонија од ММФ

НАЈЧИТАНО

Кризата го испразни буџетот. Недостасуваат милијарда и 100 милиони евра за да се сервисираат обврските, дознава Сител. 100 милиони се обезбедени со кредит од ЕБОР, останатите ќе се бараат од ММФ и Европската Комисија.

Извори за Сител велат дека барањето кон Меѓународниот Монетарен Фонд изнесува 900 милиони евра. Но колку ќе добиеме, ќе се знае до крајот на неделава, откако нивниот тим ќе ја скенира состојбата и ќе оцени дали ги исполнуваме условите.
Кредитот од Европската Комисија е врзан со линијата од ММФ, па останатите пари се очекува да се добијат од Брисел. Се прават и последните контури на ребалансот на буџетот. Секое министерство е задолжено да скрати по 10% од трошоците, а ќе се им се земат и парите кои им останале непотрошени за првиот квартал. Владата планираше да потроши 4,4 милијарди евра. Ако сите министерства скратат по 10%, ќе се заштедат 443 милиони евра. Но дел од овие пари ќе се насочат за справување со енергетската криза, за поддршка на граѓаните и стопанството – каде ќе се помага таргетирано, односно на најпогодените, најранливите граѓани и индустрии. Ќе има и за повисоки плати на вработените во јавниот сектор и образованието.

Во предлог ребалансот на буџетот, се намалува прогнозата за раст на економијата, а се зголемува буџетскиот дефицит. Најверојатно растот на БДП од 4,2 ќе се ревидира на 3,2%, но буџетскиот дефицит од планираните 4,3% ќе надмине 6 отсто. Ќе се зголеми и јавниот долг. Од сегашните 60% проценките се дека ќе достигне 63,5%.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО