16 C
Ohrid
Tuesday, May 24, 2022

Еве како ќе возат автобусите за време на празникот

НАЈЧИТАНО

По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180, кои ќе возат по делничен возен ред, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

В сабота (23 април), недела (24 април) и понеделник (25 април) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Утре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортниот центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.

Жичарницата на Водно утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.

Линиите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) в понеделник нема да сообраќаат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО