8.5 C
Ohrid
Sunday, December 4, 2022

Еве како да ги отстраните белите дамки од дезодоранси од облеката

НАЈЧИТАНО

Белите дамки од дезодорансот се појавуваат кога набрзина се подготвуваме, испрскаме или намачкаме со производот и веднаш ја облекуваме облеката – особено оние со потемни бои. Понекогаш можеме да ги отстраниме така што ќе поминеме со раката и ќе ги истресеме, но понекогаш е потребно малку повеќе труд бидејќи се потврдоглави.

Ваквите дамки лесно се отстрануваат со помош на работи кои веќе ги имаме дома – детергент за миење садови и мала крпа, пренесува Вечерњи лист.

Земете крпа, натопете ја во ладна вода и исцедете ја. Додадете неколку капки детергент и нежно втријте ги дамките додека не се отстранат.

Исплакнете го пешкирот и повторно поминете преку обоените места за да го отстраните вишокот детергент. Се препорачува тоа парче облека да го оставите за некоја друга прилика и да облечете нешто суво и чисто.

Сушењето со фен никогаш не е добра идеја бидејќи комбинацијата на топлина и хемикалии од дезодоранси и детергент може да доведе до пожар, па имајте го тоа на ум.

Ако дамките од дезодоранси се постари, тогаш нанесете го детергентот директно на дамката и тријте со четка за заби. После тоа, ставете ја облеката во машината за перење.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО