15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Еве каде се наоѓаше украинскиот коментатор на Евровизија додека траеше полуфиналето

НАЈЧИТАНО

Украина синоќа се пласираше во финалето на Евровизија. Бендот „Калуш оркестра“ ја воодушеви публиката ширум Европа и многумина пишуваат дека ситуацијата во Украина не е единствената причина зошто момците имаат толку голема поддршка.

Изборот за песна на Евровизија синоќа беше следен и во дел од Украина, а на Твитер се појави фотографија од нивниот коментатор Тимур Мирошниченко, кој го следеше натпреварувањето и го пренесе на украинската телевизија. Мирошниченко ја емитуваше Евровизија од импровизирано студио во засолниште, а неговата фотографија, објавена на Твитер од британскиот евровизиски новинар Вилијам Адамс, предизвика бурни емоции на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Украина е главен фаворит на обложувалниците оваа година, а поддршката кај обложувалниците е рекордна и и дава дури 50 отсто шанси за победа.

ФОТО: Твитер

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО