2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

д-р Владимир Рендевски му одржа лекција на Беким Сали кој спроведува еден таканаречен здравствен егзодус

НАЈЧИТАНО

Заменик-министерот за здравство д-р Владимир Рендевски денеска, одговарајќи на пратеничко прашање упатено кон министерот Беким Сали во врска со Законот кој се однесува на продолжување на работниот однос на здравствените работници кои наполниле 64 години, јавно изјави дека не се согласува со постапката на својот министер да се одбива продолжувањето на работата на лекарите кои наполниле години за пензионирање.

-„Искрено кажувам дека не се согласувам со постапката на мојот министер во врска со различното толкување на тој член за пензионирање на здравствените работници од 64 до 67 години. Ова го кажувам пред цела македонска јавност и пред членовите на Владата. Особено што се јавува еден таканаречен здравствен егзодус и особено во ЈЗУ во другите наши градови. Просечната старост е преку 55-56 години“,рече Рендевски.

Владимир Рендевски, од собраниската говорница одговараше на прашањето од пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјаноска-Давкова, зошто се постапува спротивно на Законот кој предвидува продолжување на работниот однос на здравствените работници со навршени 64 години, а кои ги исполнуваат условите за продолжување работата до 67 години.

Директорот на здравствената установа по приемот на претходно изразената согласност од здравствениот работник којшто ги исполнил условите за пензија да остане до 67 години го потврдува тоа и го испраќа до министерот чија единствена надлежност е да го потврди“,истакна Силјаноска-Давкова.
Во оваа насока, заменик-министерот за здравство Рендевски ги повика пратениците од сите политички партии и кажа оти се потребни законски измени во тој член, така што во иднина самите директори на здравствените установи би одлучувале дали на некој здравствен работник би му се продолжил работниот однос или не, оти, како што кажа, нивното работење најдобро го знаат директорите на установите.

„Сметам дека тој член на толкување, било да е Беким Сали министер или друг, работникот во својата здравствена установа најдобро, како и дали работи, си го знае самиот директор и тоа толкување дали треба да има потврда од министерот, од една страна може министерот да го толкува позитивно да овој ќе остане или да овој не работи. Кој и да е министер, не го знае работникот како работи. Сметам дека треба да направите законски измени во тој член, така што во иднина останување или не останување да биде одлука на самиот директор бидејќи тој знае дали одреден здравствен персонал работи адекватно и добро или не“,рече Рендевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО