9.9 C
Ohrid
Thursday, December 8, 2022

Дури 41% од испитаниците во анкетата на сајтот vrabotuvanje.com.mk ја сметаат компанијата „Алкалоид“ за најпожелно место за вработување

НАЈЧИТАНО

Дури 41% од испитаниците во анкетата на сајтот vrabotuvanje.com.mk ја сметаат компанијата „Алкалоид“ за најпожелно место за вработување.

1.468 испитаници во анкетата требало да изберат една од понудените поголеми македонски компании, во која би се вработиле доколку би имале можност.

„Алкалоид“ е апсолуден победник во анкетата. Од повеќето позитивни коментари за оваа компанија, сајтот ги издвојува следните:

„Алкалоид ќе ја изберам, бидејќи е компанија со долгогодишно искуство и економски одржлива на пазарот, со развиен систем на општествена одговорност. Грижата за здравјето на сите луѓе, а посебно здравјето на децата, ја прави сама по себе благородна работа. Во време на економска криза и пандемија во светски размери, води грижа за здравјето на своите вработени, нивните семејства и наоѓа начин за навремена исплата на плати, нови вработувања, мотивација на вработени и нивен постојан развој. Сметам дека во оваа компанија можам многу да научам и да придонесам во иднина.“

„Затоа што е една од најдобрите и најоговорни фирми во Македонија и во Европа. Остава простор за развој на младите и поголем интерес кон целта во нивниот живот.“

За Макпетрол се изјасниле 14% од испитаниците. Во еден од коментарите за оваа компанија стои „Одлично организиран систем на работа“.

12% ја избрале ЕВН Македонија како компанија во која би работеле доколку имаат можност. „Одлични плати и работни услови“ – коментираат испитаниците.

По нив следат Пивара Скопје, Македонски Телеком и други компании.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО