2.1 C
Ohrid
Monday, November 28, 2022

ДУИ ќе избира ново претседателство

НАЈЧИТАНО

По речиси шест часа во седиштето на ДУИ во Мала Речица заврши средбата на претседателот на партијата Али Ахмети со т.н. огнена група која баре партиски реформи. Лидерот на ДУИ по овие разговори најави дека дебатата во партијата ќе продолжи, а за десетина дена ќе има централно собрание на кое ќе се избере ново претседателството.

– Денеска имавме разговор со долгогодишнте соработници, со нив сум поминал во многу битни процеси, во многу успеси. Разговаравме и во суштина дебатата се враќа внатре во партијата. На 15 октомври ќе има централно собрание каде ќе се разговара за политичката ситуација, но и ќе се избере новото претседателство и веднаш истиот ден новото претседателство ќе се врати во седиштот на ДУИ каде што ќе меѓу другото ќе се разговара за политичката ситуација и ќе има отчет од владиниот состав на ДУИ – изјави Ахмети на прес-конференцијата придружуван од Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта.

На новинарско прашање дали е „изгаснат огнот” на т.н. огнена група, Ахмети рече дека „немало оган” и ќе продолжи партиската дебата.

– Врз основа на анализата ќе продолжиме понатаму со дебатите. Нема оган, нема пламен, карактеристика на ДУИ е никогаш немало напори да се изгасне различното размислување, да се истисне или да се војува против различно размислување, напротив со почитување на тоа сме дошле до вистинските одлуки. Значи нема оган, и нема да има – изјави Ахмети.

Пратеникот Изет Меџити, еден од т.н. огнена група на новинарско прашање рече дека е задоволен, додека за побараната смена на вицепремиерот Артан Груби кажа дека ќе се продолжи со дебатирање околу нивните барања.

– Дебатата ќе се врати во ДУИ, органите ќе одлучат за тоа што понатаму со нашите барања – истакна Изет Меџити.

До оваа средба и одлуки дојде откако на 24 септември медиумите го објавија писмото со кое функционери на ДУИ, кои се нарекоа „огнена група” побараа од раководството да запре „војната” во партијата, а одредени функционери од извршната власт да понесат одговорност. Ова е втора средба по онаа на 29 септември на кои се дебатираше во насока на внатрепартиски договор.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО