2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

Дуа Липа доби албанско државјанство

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на британската ѕвезда со албанско потекло Дуа Липа ѝ врачи албанско државјанство поради, како што рече, улогата на овој уметничка во ширењето на сликата на Албанците на меѓународно ниво преку музиката.

Бегај рекол дека Липа добила државјанство во пресрет на 110-годишнината од независноста на Албанија од Отоманската империја и дека тоа го смета за чест бидејќи Липа ги прославила Албанците низ светот.

За неа и нејзиното семејство бил организиран прием во резиденцијата на претседателот на Албанија.

„Ќе бидам Албанка и на хартија“, рекла Липа пред да даде заклетва за државјанство во градското собрание во Тирана.

Липа е родена во Лондон во 1995 година од родители имигранти Албанци Анеса и Дукаѓин Липа од Косово.

На Липа, која почнала да пее на петгодишна возраст, музички ѝ влијаел нејзиниот татко, поранешен пејач и гитарист на рок група. Своите песни на Јутјуб почнала да ги прикачува кога имала 14 години.

Нејзиниот прв деби студиски албум беше објавен во 2017 година. Во 2019 година, таа освои Греми за најдобар нов изведувач.

ФОТО: Инстаграм

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Павле Трајанов предлага да се формира македонско ФБИ

Криминалот ги разорува институциите и го кочи демократскиот развој на државата. Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мораме да се справиме....

Ѓоковиќ призна: Користи ново контроверзно правило за да победи во финалето

Откако минатата година беше дури и депортиран, Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија и го освои својот 10-ти Австралија опен, со што се израмни...

Нови мерки: Како Netflix ќе ги спречи корисниците да ја споделат својата лозинка?

Првичните извештаи и испитувања во други земји сугерираат дека напорите за одвраќање на споделувањето лозинка ќе бидат релативно благи во почетната фаза, потпирајќи се...
spot_img
spot_img
spot_img