13.3 C
Ohrid
Monday, October 3, 2022

Државата да носи закони за опстанок на бизнисите во целина

НАЈЧИТАНО

Стопанската комора во континуитет покренува разни иницијативи и доставува барања до надлежните институции, се’ со цел да се им се помогне на компаниите во нивното работење.Од почетокот на годинава се доставени повеќе иницијативи, на пример, инцијатива поврзана со Законот за извршување, друга иницијатива поврзана со Законот за работни односи во неколку сегменти, вклучително и за недела неработен ден итн., соопшти денеска Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора.

– Притоа, важно е да се истакне дека иницијативите и барањата на Стопанската комора се насочени кон обезбедување опстанок и зголемување на успешноста на компаниите набљудувани во целина. Стопанската комора не е организација само на работодавачите, за тоа постои друга посебна институција што така се вика. Значи Стопанската комора е комора за компаниите во целина, и за сопствениците и за работниците, а помеѓу нив и за менаџерите. Тоа се три групи на играчи на една иста екипа која не може да се натпреварува на пазарот доколку не е комплетна со сите три групи. Сите тие се меѓусебно нераскинливо поврзани и во тој контекст никој не ги сака повеќе работниците од оние што им даваат плата за вложениот труд и придонес – рече Јовановски.

Според него, важно е да се разбере дека кога се носи правна регулатива за работењето на компаниите таа мора да биде избалансирана за целината на работењето на компаниите и да биде во линија со пазарните законитости за да можат компаниите да опстанат и да бидат успешни на долг рок.

– Ако законските одлуки не се такви, имаат само парцијален фокус и носат бенефиции само за една група играчи во тимот, на пример работниците, а со таквите одлуки се зголемуваат финансиските обврски за компаниите, не се овозможува работење на компаниите, на пример во недела и не се води сметка за законитостите на пазарната економија, тогаш таквите законски решенија на долг рок не се добри ниту за самите работници. Да не заборавиме дека компаниите се борат на пазар кој сега е глобален и мора да бидат конкурентни со цената на своите производи и услуги за да опстанат на пазарот. Ако компаниите не се конкурентни заради законски решенија со парцијален фокус, тогаш компаниите мораат соодветно да го прилагодат своето работење за да опстанат и за да ги  сочуваат оние работни места што пазарот им дозволува да ги сочуваат – вели потпретседателот на Стопанската комора.

Од комората потсетуваат дека во  изминатиот период поднесени се:

  1. Иницијативi пред Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (Службен весник на РСМ, бр. 288 од 21.12.2021 година) и за поведување постапка за оценување на уставноста на членовите 4, 5 и 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија (*) (Службен весник на РСМ, бр. 295 од 27.12.2021 година), кои се однесуваат на недела како неработен ден од 11.1.2022 година

 

Во услови кога слободата на пазарот и претприемништвото е утврдена како темелна вредност на уставниот поредок, а еднаквата правна положба на економските субјекти на пазарот е загарантирана со највисокиот правен акт во државава, бизнис заедницата оцени дека е неприфатливо и неуставно со Законот за работни односи да се забрани вршење на одредени економски дејности и таксативно да се набројат други кои ќе бидат исклучок од правилото дека недела е ден на неделен одмор, туку потребно е секаде каде тоа е неопходно заради производниот процес или заради оптимизирање на работните процеси на компанијата да се остави можноста за работа во недела. Исто така, решенијата кои се однесуваат за работа во ден на неделен одмор уредени во Законот за работните односи како lex generalis во областа на трудовото право треба да се однесуваат за сите работодавачи без оглед на видот на дејноста која ја вршат.

 

  1. Барање за измена и дополнување на член 218 од Законот за извршување во рамки на работна група формирана за измени и дополнувања на овој закон

 

Со член 218 од Законот за извршување се уредува дека врз предмети и права на државата и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не може да се спроведе извршување за наплата на парични побарувања, доколку тие се неопходни за вршење на нивната дејност, односно задачи, при што во пракса многу често се случува компаниите да не може да ги наплатат побарувањата затоа што повикувајќи се на оваа одредба, паричните средства на овие субјекти на сметка кај носител на платен промет речиси секогаш се сметаат за предмети и права кои се неопходни за вршење на нивната дејност и задачи.

Министерството за правда формираше работна група за измени и дополнувања на Законот за извршување, каде беше делегиран член од Стопанската комора на Северна Македонија и во рамки на работната група беше презентиран и прифатен предлогот на бизнис заедницата прецизно да се уреди кои се предметите и правата над кои не може да се спроведе извршување, при што изречно ќе се наведе дека средствата на сметката на Република Северна Македонија и нејзините органи, единиците на локалната самоуправа и јавните претпријатија не претставуваат права и предмети кои се неопходни за вршење на нивната дејност, освен средствата потребни за исплата на бруто плата на вработените и средствата за исплата на комуналните трошоци.

  1. Барање законодавниот дом да не ги усвои предложените измени и дополнувања на Законот за работните односи, кои се однесуваат на намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време и намалување на крајниот рок за исплата на платите од 5.4.2022 година

Бизнис заедницата укажа дека Законот за работните односи е комплексен закон, за чии измени и дополнувања е потребна широка јавна расправа, а не нивно донесување во скратена постапка. Во однос на предложените измени за намалување на максималната горна граница за склучување на договори за вработување на определено време на 6 месеци, посочи дека периодот на адаптација при вработување, во принцип трае околу шест месеци, што значи дека за овој период многу тешко може да се направи проценка дали некој вработен воопшто треба да продолжи да работи или не во компанијата, а уште помалку на истиот да му се транформира работниот однос од определено на неопределено време, како и дека со воведување на неделата како неработен ден, голем број работници веќе останаа без работа, па предложената измена би придонела за дополнително да се зголеми нивниот број. Во однос на предложените измени за намалување на крајниот рок за исплата на платите рокот е премногу краток, особено ако се земе предвид целокупната економска состојба во државата, па во услови кога работодавачите се борат да обезбедат услови за работа и егзистенција на своите вработени, ваквата промена би ја нарушила и ликвидноста на голем број работодавачи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО