9.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Драги Рашкоски (Ивонка Груп) и Благој Бочварски ја уништија капетанија на пристаништа во Охрид, граѓаните немаат можност да полагаат за Пловидбени дозволи

НАЈЧИТАНО

Сизифови маки, патување во непознато или невозможна мисија постанува уставното право на секој граѓанин на Македонија да полага за управување со чамец – пловидбена дозвола.

Во 2021 година, поради технички причини на испитниот центар  на фирмата „“Ивонка Груп“ на Драги Рашкоски, беа откажани се сите термини за полагање испит за стекнување звање управувач на чамец, додека во 2022 година до Езерската капетанија на пристаништа на РСМ само во првите три месеци биле поднесени над 600 апликации за полагање на испит за стекнување звање управувач на чамец, за што биле определени само 5 термини за календарска 2022 година, или во просек на едно полагање на испит, полагале 120 апликанти, во еден ден, поточно за 4 часа, што секако преtставува Гинисов рекорд во брзинско полагање?!

Бочварски се сонча, народ си страда!

Езерската капетанија на пристаништа на РСМ е директно под Министерство за транспорт и врски на РСМ,поточно и со овој ресор управува директно министерот Благој Бочварски. Само до пред 4 години полагањето на испит за управување со чамец – пловидбена дозвола се вршеше во Капетанија Охрид, и до тогаш ниту еден граѓанин кој имал потреба за пловидбена дозвола, не му било ускратено правото за полагање.

Со промената на законската регулатива, случајно или не испитниот центар за пловидбени дозволи го добива фирмата на тогашниот Генерален Секретар на влада на РСМ Драги Рашкоски, „ИВОНКА ГРУП“. Безбројни случаеви кога граѓани кој сакале да полагаат за управување со чамец – пловидбена дозвола. Се јавувале лично во просториите на Ивонка Груп, но наместо да добијат услуги, од Ивонка Груп добивале закани, дека немаат право да ги вознемируваат и дека испит ќе имало кога тие ке имале слободно време и кога ќе сакале????

Благој Бочварски должи одговор – Како граѓаните и странските туристи кој сакаат да полагаат за управување со чамец – пловидбена дозвола, истото тоа нивно законско право можат да го оствараат и каде?

За календарска 2022 година биле закажани само 5 испитни полагања и тие завршиле во Јуни месец. Од Езерската Капетанија на пристаништа во Охрид, децидни -за 2022 година нема термини, не е наша вина, така одлучил законодавецот…..

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО