17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

До 90.000 војници од двете страни ќе се борат за Донбас

НАЈЧИТАНО

Битката на битките за Донбас, како што ја нарекуваат од украинскиот Генералштаб ќе почне утре, а ќе трае седум дена, до 19 април, штом Русите сконцентрираат 90.000 војници во Источна Украина. Британската тајна служба МИ6 ги известила британските власти за ова, потврди премиерот Борис Џонсон при својата посета на Киев. Тој на Украина ѝ вети 120 тенкови.

Украинците се подготвуваат за битката. Според нивните извори, тие ќе влезат во битката со еднаков персонал, 90 до 100.000 војници, 10.000 единици со тешко вооружување, што би значело 320 тенкови, 642 топови и хаубици, 640 повеќецевни ракетни фрлачи, 42 ловци, 45 напаѓачки авиони…Според независни извори, Украинците реално имаат само четвртина од сето ова.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски следната недела е клучна.

– Руските трупи ќе одат уште подалеку со своето лудило на истокот на земјата. Тие можат да користат повеќе проектили и воздушни бомби против нас, но ние сме подготвени против сите нивни напади. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни со оружје во одбрана на Украина – изјави тој.

Сепаратистите велат дека го контролираат пристаништето во Мариупол

Водачот на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, поддржан од Русија, изјави дека сепаратистичките сили ја презеле контролата врз пристаништето во југоисточниот град Мариупол.

– Во однос на пристаништето Мариупол, тоа е веќе под наша контрола – рече Денис Пушилин во изјава за првиот канал на руската телевизија, пренесува ТАСС.

Мариупол се наоѓа помеѓу источните области на Украина кои ги држат сепаратистите поддржани од Русија и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Москва во 2014 година.

Сепаратистите велат дека го контролираат пристаништето во Мариупол

Водачот на самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, поддржан од Русија, изјави дека сепаратистичките сили ја презеле контролата врз пристаништето во југоисточниот град Мариупол.

„Во однос на пристаништето Мариупол, тоа е веќе под наша контрола, рече Денис Пушилин во изјава за првиот канал на руската телевизија“, пренесува ТАСС.

Мариупол се наоѓа помеѓу источните области на Украина кои ги држат сепаратистите поддржани од Русија и полуостровот Крим, кој беше анектиран од Москва во 2014 година.

Половина од Украина има потреба од расчистување мини

Претставник на Државната служба за вонредни состојби Олег Бондар соопшти дека околу половина од територијата на Украина треба да се расчисти од нагазни мини.

Бондар рече дека за околу 300.000 квадратни километри земја се потребни хуманитарни напори за деминирање, а големо количество експлозив сè уште има и во областите кои се вратени од руските војници.

Тој информира дека моментално напорите се концентрирани во близина на Киев и другите северни области на земјата, а во тек се проверки и во регионите Харков и Николаев, и покрај тоа што се цели на руско гранатирање.

Во Ирпин, во близина на Киев, заврши расчистувањето, но Бондар вели дека сè уште треба да се пребараат приватните земјишта за што е потребна дозвола од сопствениците.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО