24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Дојава за бомби во домовите на Вучиќ, Брнабиќ, на аеродром…

НАЈЧИТАНО

Редакцијата на порталот Телеграф.рс повторно добила електронска пошта во која непознат испраќач наведува дека на повеќе локации во Белград била поставена експлозивна направа. Е-поштата ја пренесуваме во целост: „Поставивме бомби на следните локации: …

Е-поштата ја пренесуваме во целост:

„Поставивме бомби на следните локации:

Терминали на аеродромот Никола Тесла

На летовите TK 1080 и FZ 1746

Музејот на Никола Тесла

Белградска тврдина

Музеј на современа уметност во Белград

Старк Арена

Југословенски музеј

Аквариум

Зоолошката градина во Белград

Наследната куќа

Националниот музеј

Руската, белоруската, кинеската, суданската и кубанската амбасада.

Простории на Ер Србија во Белград

Простории на Турски авиокомпании во Белград

Поставивме бомби и на железничките станици во Белград, трговските центри и факултетите.

Поставивме бомби на следните локации:

Универзитет во Белград Студентски трг 1

Унион универзитет – Никола Тесла

Факултет за спорт Народних хероја 30, 1 кат

Факултет за применета екологија – Футура

Рударско-геолошки факултет, Универзитетот во Белград

Универзитетот Сингидунум

Шопинг центар

Парк Бео Авив

Трговски центар ТЦ „Земун Парк“ – Земун

ТЦ „Галерија“ – Белград, Нов Белград

Железничка станица Белград Центар

Железничка станица Дунав

Куќата на Александар Вучиќ

Куќата на Ана Брнабиќ

Куќата на Александар Вулин

Овие бомби ќе експлодираат помеѓу 16 и 18 часот.

Русија е терористичка нација која продолжува да го тероризира светот. Србија ги поддржува и нивниот влез во Европа е дека ние немаме друг избор освен да ѝ држиме лекција на Србија. Ќе продолжиме да ги бомбардираме вашите градови додека не ја направите вистинската работа. Воведовте санкции на Белорусија, а сега воведете ги на РУСИЈА. Нема да не спречите“, се наведува во меилот пристигнат на адресата на Телграф.рс.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО