22.9 C
Ohrid
Friday, August 12, 2022

Досега во Србија се регистрирани 23 случаи на мајмунски сипаници

НАЈЧИТАНО

Во периодот од 17 јуни, кога е регистриран првиот случај во Србија, до денес се потврдени 23 случаи на мајмунски сипаници, соопшти Институтот Батут. Сите пациенти се од машки пол, на возраст од 22 до 44 години, а најмногу заболени – 20 – се од Белградскиот округ. По едно лице заболено од мајмунски сипаници е регистрирано во Јужнобачки, Јужнобанатски и Сремски. „Според информациите од територијално надлежните заводи за јавно здравје кои спровеле епидемиолошки истражувања, кај сите лица е развиена типична клиничка слика на болеста со развој на осип, температура и други симптоми и знаци на заразна болест“, се наведува во извештајот на Батута. На три лица им била потребна изолација во болнички услови, а останатите се лекуваат дома.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО