2.9 C
Ohrid
Monday, January 30, 2023

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНИОТ КОНКУРС ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ

spot_img
spot_img
spot_img
- Advertisement -

На пригодна свеченост која се одржа денеска на охридскиот плоштад, градоначалникот Кирил Пецаков ги додели наградите од Литературниот конкурс кој беше распишан по повод Свети Климент Охридски – Патрон на Охрид.

Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) наградена е поетската творба „Климент Охридски“ на Славјан Митаноски, ученик во трето одделение при ООУ „Кочо Рацин“.

 

Во II категорија за ученици од предметна настава (од шесто до деветто одделение) наградена е потеската творба „Средновековен времеплов“ на Симона Димитриеска ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“.

 

Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) наградена е поетската творба „Чекорот на Св. Климент Охридски во мугрите на древниот Охрид“ на Марија Наумоска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“.

 

На наградените ученици им беа доделени парични награди и пригодни подароци. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член) и проф. Светлана Огненова (член).

 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Пациентите со цистична фиброза ќе протестираат пред Владата

Асоцијацијата за цистична фиброза на 4 февруари (сабота) пред Влада со почеток во 12:00 часот ќе одржи протест. – Борбата продолжува со надеж дека ќе...

Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда...

Руски „Искандер“ ги уништи сите, но светилиштето остана недопрено!

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа уништување на украински борбени возила и опрема во близина на Изјум. Наводно, Украинците паркирале...
spot_img
spot_img
spot_img