17.9 C
Ohrid
Tuesday, September 27, 2022

Дирекцијата за заштита и спасување оваа сезона влегува доста поподготвена од тоа што беше лани

НАЈЧИТАНО

Дирекцијата за заштита и спасување оваа сезона влегува доста поподготвена од тоа што беше лани. Со првиот авион веќе има интензивни тренинзи, во петок ќе има заедничка активност со МВР за гасење на пожари на отворено, истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.

– Веќе со првиот авион којшто е вратен имаме интензивни тренинзи со сите луѓе коишто се дел од авио одделението. Еве за волја на вистината, ние во петок имаме заедничка активност со МВР, со нивните хеликоптери за гаснење на пожари на отворено – истакна Максути на денешната свечена церемонија на донација од романската Влада, која на Дирекцијата ѝ подари АТВ возило.

Ќе ги пробаме и нашите капацитети, рече Максути, како што се дополнителни пумпи, црева и базен со којшто можат хеликоптерите да полнат вода и да фрлаат на одредено место, и нашите воздухоплови ќе бидат вклучени.

Во врска со вториот авион кој е на поправка во Шпанија, информираше дека е спремен веќе една недела но не може да се испорача поради загинувањето на еден пилот откако се урна нивниот авион при гасење на пожарите во Португалија.

– Не се во можност да го испорачат. Значи дополнително секој ден сме на координација затоа што тоа е нивна обврска по договорот да ни го испорачаат авионот што е можно побрзо. Значи сите процедури околу вториот авион се завршени, комплетиран е со царински постапки, се чека само да ни кажат кој пилот да се качи на истиот – порача директорот.

За третиот авион тој рече дека е таму веќе отворен, се работи и што поскоро ќе биде, но како што наведе Максути, најголеми проблеми во моментот имаат Португалија, Шпанија и Франција и Грција.

– Сакам да упатам апел дека ДЗС во однос на подготовките што треба да ги превземе како институција за да им помогне зашто не сме првиот респондер, не сме првиот одговарач кон еден пожар, него сме последниот, ги има преземено сите неопходни мерки и во однос на купување на возила коишто веќе процедурата е при крај и чекаме што поскора испорака на теренски возила со пумпи коишто ќе ги распоредиме по ТПЕ и со дополнителна друга опрема која што веќе е дадено и веќе имаме неколку состаноци заеднички и со ЦУК и со МВР и со Локалната самоуправа посебно во беровскиот дел каде што ги видовме сите пречки, проблеми и недостатоци од ланската година, за да оваа година влегуваме многу поодговорни пред се.

Тој потсети дека развиените земји како што се Франција, Португалија и Грција коишто имаат големи пожари секоја година поседуваат многу поголем буџет во последните години во опремување против пожари и непогоди.

– За период од 20 години оние веќе имаат потрошено над милијарда и пол евра, а само од период од пет годни за да го појачат нивниот авио капацитет имаат оставено 800 милиони евра. ДЗС има само 4,5 милиони евра буџет – подвлече Максути.

На прашањето колку возила има во моментот, директорот на ДЗС информираше дека 15 возила се во прашање со пумпите коишто ќе бидат распоредени по ТПЕ на градовите коишто спаѓаат во републички сили.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО