24.9 C
Ohrid
Thursday, July 7, 2022

Директорот Тасевски во посета на Сојузното Министерство за внатрешни работи на Република Австрија , потврдена одличната соработка

НАЈЧИТАНО

Во рамки на меѓусебната билатерална соработка, делегација од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски , во периодот од 20 до 23 јуни 2022 година, реализираше работна посета на Сојузната истражна служба при Министерството за внатрешни работи на Република Австрија.
Директорот Тасевски со делегацијата посетија повеќе орагнизациони единици на Сојузната истражна служба кака и регионалниот полициски Оддел на Салзбург, при што остварија и билатерални средби со шефовите на истите.
За време на билатералните средби беше потврдена досегашната одлична соработка на двете служби со уверување и посветеност дека истата ќе продолжи и во наредниот период да се продлабочува преку размена на искуства, обуки и непосредна размена на информации.
Од страна на австриските колеги на делегацијата и беше презентирана софистицирана опрема со која работат австриските служби, во одржување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Во рамки на посетата од австриска страна беше организирана показна вежба на припадниците на специјалната полициска единица ,, Кобра“ при Сојузното Министерство за внатрешни работи на Република Австрија и заеднички беше изразена желба за организирање обуки и заеднички вежби, помеѓу специјалните единици од двете земји.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО