17.9 C
Ohrid
Tuesday, October 4, 2022

Директорот на Финансова полиција Арафат Муареми ги отфрла шпекулациите

НАЈЧИТАНО

Директорот на управата за финансиска полиција Арафат Муареми ги демантира обвинувањата дека премиерот Димитар Ковачевски му побарал оставка, објави Радио Слободна Европа.

– Категорично ги отфрлам шпекулациите и написите на одредени портали пласирани во јавноста кои се однесуваат на тоа дека сум недостапен, односно во бегство. Се наоѓам во државата и тековно ги извршувам своите работни обврски како директор на Управата за финансиска полиција – изјави директорот на Управата Арафат Муареми за Радио Слободна Европа, откако во некои медиуми беа објавени информациите дека по објавата за предистражната постапка против него ја напуштил земјата.

Тој демантира дека премиерот Ковачевски побарал негово разрешување или да се повлече од функцијата.

– Како и досега, и натаму ќе продолжам да ја извршувам својата функција – директор на Управата за финансиска полиција професионално, одговорно и транспарентно во своето работење, согласно позитивните законски прописи – вели Муареми.

Од Владата, исто така, за РСЕ рекле дека неточни се информациите дека Муареми не е во државата и дека тој ги извршува своите работни обврски како директор на Управата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО