20.9 C
Ohrid
Thursday, August 11, 2022

Директорот на ЕСМ одговора на критиките за цената на струјата од 1 јули

НАЈЧИТАНО

Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150 отсто, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Одговорајќи на прашања на новинарите на конференцијата за енергетика МЕФ 2022 во Охрид, Ковачевски апелираше на поодговорни изјави од опозицијата и некои експерти кои даваат контрадикторни ставови и ја збунуваат јавноста.

– Треба да заземат став: дали ЕСМ треба да работи пазарно и да ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме по пазарна цена, значи по 300e/MWh и во 2022 да има профит од 190 милиони евра, а поскапувањето за граѓаните да биде 150 отсто, или треба да ја продава по 48e/MWh, поскапувањето да биде минимално, 7-8 отсто, а државата да му помогне на ЕСМ со прераспределба на средства од буџетот да може да ги покрие трошоците за работа?

Се создава конфузија, различни субјекти се обидуваа да најават големи поскапувања, сега критикуваат што нема поскапување, едноставно е неодговорно и несериозно да бидеме сведоци на тоа, истакна директорот на ЕСМ, Ковачевски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО