2.9 C
Ohrid
Sunday, November 27, 2022

Директорот на БЈБ, Сашо Тасевски присуствуваше во Охрид на демонстрација на Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022

НАЈЧИТАНО

Денеска заедно со Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, г-дин Венцислав Катинов, присуствувавме на демонстрација на Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022 која се одржа во Охрид, од страна на припадниците на Специјалната Антитерористичка Единица „Тигар“ од МВР на Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Република Северна Македонија.
По завршетокот на вежбата, заедно со Министерот за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски и Началникот на ОСПО г-дин Митко Даневски на поканетите гости од Р. Бугарија, како и на учесниците во вежбата им доделивме плакети и благодарници во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, а потоа остваривме работен ручек на кој заеднички се согласивме дека ваквите заеднички активности треба да станат одржлива практика бидејќи придонесуваат за развој и зајакнување на директни и редовни контакти и продлабочување на практично ориентирана интеракција во борбата против терористичките закани
ХАРПУН 2022 претставува приказ на решавање на заложничка ситуација од терористичка група од вода, копно и воздух. Ова е втора заедничка демонстрација на вежба од ваков вид за оваа година, а првата се одржа во јуни 2022 година во Софија.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

[popmake-52754]

НАЈНОВО