15.9 C
Ohrid
Friday, May 20, 2022

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Сашо Тасевски имаше билатерална средба со генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети

НАЈЧИТАНО

Во рамките на претстојната регионална конференција на директори на полициски служби „Борба против организиран криминал: предизвици и поддршка“ Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Сашо Тасевски имаше билатерална средба со генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети.
На средбата и двајцата директори изразија задоволство од меѓусебната соработката на полициите од двете земји и на политичко и на оперативно ниво, како и од иницијативата за организирање на заедничка конференција на која ќе може да се продискутира за суштински прашања од областа на безбедноста, како во регионални рамки, така и на глобално ниво.
„На оперативно ниво двете полиции соработуваат во борбата против организираниот криминал, прекуграничната соработка и други области од внатрешната безбедност кои се од заеднички интерес за двете страни. Двете полиции учествуваат во заеднички акции, размената на информации и податоци е одлична, а соработката е со тенденција на продлабочување на сите нивоа, особено преку формирање на заеднички работни групи за анализа на предизвиците на организираниот криминал“, потенцираше директорот Спасовски.
Генералниот директор на косовската полиција, Самедин Мехмети се заблагодари за поддршката што МВР ја дава на косовската полиција и ја прифати идејата за формирање на заеднички работни групи, што ќе придонесе за квалитативно нов пристап во зајакнување на борбата против криминалните групи. Мехмети воедно потенцираше дека за време на летната сезона на граничниот премин Елен Хан – Блаце планирано е воспоставување на дополнителни кабини за проверки, со цел олеснување на прокот на луѓе и стоки.
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

СПОРТ

НАЈНОВО